1600 кумановци нашле работа преку владини проекти
Преку проектите за намалување на невработеноста во Куманово во последните две години вработување нашле близу 1600 лица.

Проектот “Македонија вработува„ обезбедил работа за 911 лица, а со проектот за ослободување од придонеси на лица до 29 години 681 лице.
Поради успешноста на двата преокти, продолжува проектот„Македонија вработува 2„, и ни дава оптимизам дека ќе наиде на добар проем кај работодавачите. Ги повикувам да дојдат кај нас во Агенцијата за вработување да се информираат за бенифитете што ги нуди овој преокт, - вели Милорад Тренчевски, раководител на Агенцијата за вработување Куманово.
Најголем интерес за вработување имало во малите и средни претпријатија, но и во поголемите преработувачки компании.
Проектот “Македонија вработува 2“ стратуваше од 28 јуни, а ќе овозможи дополнително отворање работни места и намалување на невработеноста во државата.