×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 18 години затвор за убиство на дедото и ранување на шурата

    08.11.2016 12:05 | KumanovoNews

    Бекир Незири (42) од Витина, Косово, државјанин на Република Франција, осуден е на 18 години затвор затоа што го убил таткото на поранешната сопруга и го ранил нејзиниот брат во кумановската населба „Тоде Мендол“.

    18 години затвор за убиство на дедото и ранување на шурата

    Кривичниот совет во Кумановскиот суд, го прогласи Незири за виновен за сторено кривично дело убиство откако тој пред Судот го призна делот, но изрази жалење и каење за она што го сторил.

      На осудениот продолжен му е притворот до правосилноста на пресудата, односно до почеток на издржување на казната.

    Убиството и убиство во обид  се случи на 27 јули минатата година, кога Незири, кој живеел и работел во Швајцарија, дошол да го види синот во домот на сопругата со која воделе бракоразводна парница, а недоразбирањето било околу стрателство на детето. Тогаш настанала расправија со членовите на семејството, по што поранешниот зет извадил пиштол и смртно го ранил дедото, а тешко го повредил шурата. Вечерта по убиството пронајден е неговиот автомобил бмв во липковското село Никуштак, а тој пребегал во Косово.  Подоцна е уапсен по распишана меѓународна потерница и екстрадиран во Македонија.