×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 37 пожари за 12 дена во кумановско

    13.07.2016 07:26 | KumanovoNews

    Триесет и седум пожар изгаснала Територијалната противпожарна единица Куманово во изминатите 12 дена.

    37 пожари за 12 дена во кумановско

     Од почетокот на месецот, пожарникарите не можат глава да дигнат од работа, главно интервенирајќи на пожари на отворен простор, но гаснеле и запалени моторни возила и објекти. Само вчера имало дури 5 пожари.

    „По просек имаме по три пожари дневно, но сите се на голема површина. Најмногу интервениравме на двете страни од улицата Доне Божинов, над населбите Средорек и Перо Чичо, во Багрем Бања, Стари Лозја, Прмакови ниви. Намерно палат сува трева, грмушки и стрништа. Бидејќи се наоѓаат во градска средина секогаш постои опасност пожарот да се прошири кон куќите, затоа мора брзо да се интервенира, - вели Деан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово.

    Во изминатиот период биле запалени две ниви со жито во селата Војник и Добрешане, лозје во Биљановце, гореле и по еден комбајн, автомобил, мотор- хонда, трло, шупа и кујна на ресторан во Куманово. Пожарникарите секаде стигнале на време  да се справат со огнената стихија.   

      Командирот Илиевски апелира до граѓаните да водат сметка за однесувањето во природата, да не палат огин на отворено, поготово стрништа, бидејќи тоа е забрането со закон.

    Противпожарната единица Куманово има 50 пожарникари и 8 противпожарни возила, а покрива огромна територија во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. При интервенциите во козјачкиот регион им помагаат колегите од противпожарното друштво од Старо Нагоричане.