×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 44 седница на Совет

    02.12.2015 11:03 | KumanovoNews

    Советниците утре ќе одржат редовна седница. На дневен ред се 30 точки, меѓи кои и кварталните финансиски извештаи за работа на јавните претпријатија, буџетот на општината, програма за развој на спортот, програма за развој на општината, програма за уредување на градското земјиште, програма за изградба и други.

    44 седница на Совет

    Дневен ред

    1. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП ‘‘Водовод‘‘ - Куманово за период од 01.07.2015 – 30.09.2015 година;

    2.    Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Април – Јуни 2015 година;

    3.    Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јули – Септември 2015 година;

    4.    Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за III квартал од 2015 година;

    5.    Информација за состојбите во училишен спорт во Општина Куманово;

    6.    Информација за запишување на училишни обврзници во прво одделение во задолжителното основно образование во Општина Куманово во учебната 2015/2016 година;

    7.    Предлог - Програма за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2016 година;

    8.    Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2016 -та година;

    9.    Програма за одржување јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2016 – та година;

    10.    Предлог – Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги и на јавен градски превоз за 2016 година;

    11.    Предлог - План на програми за развој на Општината Куманово за 2016 година;

    12.    Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2016 година;

    13.    Предлог - Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за 2016 година

    14.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2015 година;

    15.    Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Куманово за 2015 година;

    16.    Предлог – Одлука за кофинансирање на проектот „Адаптација и санација на Занатски дом во јавен објект наменет за надградба на капацитетите на главните двигатели на економскиот развој во регионот;

    17.    Предлог - Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од У.Е. "Трета МУБ", дел од Урбан блок 49, Плански опфат меѓу ул. "Драган Стопаревиќ", ул. "Васил Драгомански" и ул. "Стојан Арсов" – Општина Куманово;

    18.    Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од У.Е. "Долно Којнаре", дел од Урбан блок 4 и 5, плански опфат меѓу државен пат А1 Скопје-Белград, државен пат А2 Скопје-Крива Паланка, крак 1 на ул. "Никола Тесла", крак 5 на ул. "Никола Тесла", крак 2 и 3 на ул. "Никола Тесла", ул. "Никола Тесла" и крак 4 на ул. "Никола Тесла" - Општина Куманово;

    19.    Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од У.Е. "Х.Т.Карпош", дел од Урбан блок 64-в, плански опфат меѓу ул. "Вера Циривири-Трена", ул. "Х. Т. Карпош", ул. "Београдска" и ул. "1-ви Мај" - Општина Куманово;

    20.    Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт - Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од У.Е. "Тоде Мендол",  дел од Урбан блок 61, плански опфат меѓу ул. "1", ул. "Киро Антевски",  ул. "Перо Илиевски"  и крак на ул. "Перо Илиевски" - Општина Куманово;

    21.    Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 453/3, м.в. Река, КО Доброшане-вон г.р. - Општина Куманово;

    22.    Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 2172/2 и 2158, м.в. Долна Река, КО Шупли Камен - Општина Куманово;

    23.    Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 2479, м.в. Село, КО Клечевце - Општина Куманово;

    24.    Предлог - Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 3343, м.в. Говедарски Пат, КО Куманово - Општина Куманово;

    25.    Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Органот за надзор во Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово;

    26.    Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат на член на Управниот одбор на Јавната општинска установа – Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово и именување на нов член на Управниот одбор;

    27.    Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Органот за надзор на Јавната општинска установа – Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово;

    28.    Предлог - Решение за разрешување и именување на член на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;

    29.    Предлог - Решение за разрешување и именување на член на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиско работење на ЈП „Куманово - гас“ – Куманово;

    30.    Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2015 година