×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 500 водомери пукнале од мраз

    02.02.2017 09:55 | KumanovoNews

    Поради екстремно ниските температури минатиот месец, во Куманово пукнале на 500 водомери.

    500 водомери пукнале од мраз

     Од ЈП “Водовод“ велат дека иако апелирале водомерите да се заштитат, голем дел од граѓаните не ги послушале, поради што имале голем број на интервенции, а екипите работеле деноноќно за да ги отстранат дефектите, заради нормално водоснабдување на домаќинствата.

    „Од Нова година до Божиќ имавме по 35 интервенции дневно, главно на пукнати водомери кои не беа адекватно заштитени, затоа што не се прописно поставени. Исто така имаше многу полаки од граѓаните за замрзнување на внатрешна инсталација, тоа не е наша обврска, но реагиравме со стручни луѓе за да им помогнеме. Главно се работеше за колективни стамбени згради, но и куќи, - изјави директорот Горан Стојковски.

    Замената на водомерот е обврска на сопственикот и чини 650 денари.

    Директорот објаснува дека со одмрзнување на водата ќе се види дали има оштетување на водоводната мрежа, па доколку има некаков проблем прво да се затвори вентилот, а потоа да се побараат помош од дежурните екипи кои работат 24 часа во претпријатието.

    Ниските температури ја зголемија потрошувачката на вода и предизвикаа оштетување на главната водоводна и канализациона мрежа во градот, а штетите дополнително ќе се утврдуваат.

    „Моменталната потрошувачка на вода е како во летниот период на 35 степани, со над 350 литри во секунда. Огромна потрошувачка, алтернативните извори Митев мост и Бедиње работат 24 часа што ќе биде дополнителен трошок за ЈП “Водовод“ поради зголемената потрошувачка на вода,-додава Стојковски.

    Тој апелира до граѓаните доколку имаат големи сметки за вода да дојдат во претпријатието и да направат договор за плаќање на рати.