×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 90 000 евра ќе чини трансплантацијата на црниот дроб на Александар

    20.07.2016 09:27 | KumanovoNews

     90.000 евра ќе чини трансплантацијата на црниот дроб на Александар Додевски од Куманово, во болница во Истанбул, Турција.

    90 000 евра ќе чини трансплантацијата на црниот дроб на Александар

    Пресметката пристигнала пред неколку дена, па сета документација и лекарско конзилијарно мислење ќе бидат доставени до Фондот од здравствено осигурување, за да се одреди колку од трошоците ќе бидат покриени.

    Мајката на Јасмина се надева дека Фондот целосно ќе ја покрие операцијата, а парите што ги собрала од донации ќе ги искористи за покривање на патните трошоци и престојот во Турција.

     Обезбеден е и донатор за трансплантацијата на црн дроб на Александар, кој  сам се јавил сам на семејството, откако слушнал дека не можат да најдат донатор по крвно сродство.

    „Не можам да опишам колку сум му благодарна на човекот од Прилеп, кој ќе помогне да се изврши трансплантацијата. И самиот е родител и се нафати да помогне, ќе оди на тешка операција за да го спаси моето дете.  Александар се чувствува добро, но со неговата болест никогаш не се знае. Со господ напред се надевам дека се ќе помине во најдобар ред и ќе се вратиме здрави, - вели Јасмина.

     Деновиве на сметката уплатени се 25.000 евра, наградата на Даниел Кајмаковски од учеството на телевиското шоу „Твоето лице звучи познато“, кој ги донираше за лекување на Александар.

    Откако ќе заврши операцијата и закрепнувањето на Александра, Јасмина ја чека уште една голема битка. И најстарата ќеркичка Мартина боледува од цироза на црниот дроб, но нејзината болест не е во толку напредна фаза и ќе почека за операцијата.

     Сите хумани луѓе можат да донираат на следниот начин:

    За корисниците на Телеком 070 143 144

    За корисиците на: ВИП (и ОНЕ): 143 476

    Денарска сметка за донации:

    Александар Додевски

    Централна-кооперативна банка а.д. Скопје

    број на сметка: 320 5000258326 33

    Девизна сметка за донации:

    AEKSANDAR DODEVSKI

    IBAN: MK07 3205 1002 5844 030

    SWIFT: CECBMK22

    CENTRAL COOPERATIVE BANK SKOPJE