×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Агрикорп инвест“ влегува во Бонум - ќе се отворат нови работни места

    30.08.2016 14:09 | KumanovoNews

    Компанијата „Агрикорп инвест“ го откупила мнозинскиот пакет на акции во компанијата „Бонум“, фабрика за производство на пакувани печурки и преработка на земјоделски производи, која се наоѓа во кумановскиот регион.

    „Агрикорп инвест“ влегува во Бонум - ќе се отворат нови работни места

    „Се работи за браунфилд-инвестиција, која треба да придонесе со околу стотина нови работни места. Нивниот преработувачки капацитет се наоѓа во кумановскиот регион, при што ова ќе биде поттик и за економскиот развој и можност за нови работни места во овој крај, - најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

    Компанијата „Агрикорп инвест“ е меѓународна групација присутна во 25 земји со повеќе бизниси од областа на земјоделството, металите и минералите, енергијата и финансискиот сектор.