×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Акцијаши чистеа, станарите гледаа

    28.06.2016 14:13 | KumanovoNews

      Додека волонтери од Куманово, Скопје и Крива Паланка собираа смет на булеварот Трета „МУБ“, станарите од околните зградите и куќи ги гледаа, и не се вклучија во еколошката акција.

    Акцијаши чистеа, станарите гледаа

    Вака помина првата фаза од проектот ЕКО Куманово 2016 година, која подразбира косење на тревата и расчистување на јавните зелени површини кои се наоѓат околу станбените објекти, а се со цел да се поттикне еколошката свест и култура кај нашите сограѓани. Акцијата се одржа во сабота (25 јуни) под наслов УДАРНИЧКИ ДЕН.

    „Иако акцијата и самиот проект има за цел да ја анимира јавноста, освен 50-те акцијаша од Куманово,Скопје и Крива Паланка, станарите не се вклучија во акцијата. Се работеше на ул.„Трета македонска ударна бригада„, со што практично ние македонските акцијаши го дадовме нашиот удел во одбележувањето на јубилејот 70 години од првата младинска работна акција,- соопштуваат организаторите на акцијата.

    На акцијата покрај волонтерите на Кумановски акцијаши, ЈП “Чистота и зеленило„, инспекторатот за домување, учествувале и членови на здруженијата акцијаши Скопје, Крива Паланка и претставници на Сојузот на волонтери на акцијаши на Република Македонија.

    Кумановски акцијаши, најавуваат дека со подршка на Општината Куманово ќе продолжи со реализација на активностите предвидени со проектот ЕКО Куманово 2016.