×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Анастасовски: Политиката го одреди освојувачот на титулата

    30.05.2016 13:31 | KumanovoNews

    Куманово имаше огромни шанси, но политиката одлучи кој ќе ја освои титулата, и таа одите во рацете на МЗТ.

    Анастасовски: Политиката го одреди освојувачот на титулата

     Вака професорот на Факултетот за физичко образование, Иван Атанасовки ги кометира последните случувања на финалниот кошаркарски натпревар помеѓу Куманово и МЗТ.

    „Полесно е да го смените папата во Ватикан, отколку Скопје да дозволи титулата да дојде во најкошаркарскиот град во Македонија, Куманово. МЗТ, таков национален проект, со толку голем буџет не беше ништо подобар од нашиот клуб. Можеби во одредени сегменти беше поорганизиран, но подобар не би рекол. Титулата не е заслужена од МЗТ. Куманово имаше огромни шанси да ја освои титулата. Многу достоинствено се спротистави  и само можеме да жалеме што серија на немили настани му ја одзеде титулата на градот“-, вели Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование и продолжува.

    „Ако ги тргнете тие политички игри кои беа присутнни во сите натпревари во финалето, може да се види и поинакво однесување на самите актери што за мене е недозволиво. Гледано кошаркарски да имате контрола на натпреварот, да го имате резултатот, а да произведувате девијантно однесување и да ја мотивирате публиката да се однесува така, мене лично ми делува на сценарио, но знаете за тоа треба да имате докази и факти да го потврдите„.

    Според Атанасовски, клубот имал професионална обврска психолошки да ги подготви своите играчи и навивачката група да не подлегнат на никаков тип на провокации, бидејќи се работи за одлучувачки натпревар за освојување на титулата. Што се однесува до интервенцијата од полицијата, професорот смета дека таа секогаш предизвикува револт кај играчите и затоа во иднина предлага да се користи редарската служба, која ќе има поголеми ингеренции. Дали е употребена прекумерна сила треба да испита внатрешната контрола на МВР.