Април месец на театар
12.04.2016 13:06
| KumanovoNews
Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ и Театар - Куманово, во соработка со театрите од Штип, Велес и Струмица, преку размена на претстави и распишување на конкурсот за есеј на тема „Како го замислуваш светот без театар“, ќе го одбележи месецот на театрот.

На конкурсот можат да се јават граѓаните од четирите града. Конкурсот ќе трае до 4 мај. Најдобрите ќе добијат награди и објавување на есејот во пролетниот број на списанието за уметност „Сум“.
Адреса за испраќање: Плоштад “Маршал Тито“ бр.3, 1300 Куманово