Мени

Априлијада на Градскиот плоштад

01.04.2017 13:33 | KumanovoNews

Маскирани дечиња по повод Денот на шегата, со родители или учителки, денеска се прошетаа по Градскиот плоштад.

Априлијада на Градскиот плоштад

Иако немаше организација од Општината или училиштата, на плоштадот вриеше како во кошничка од вештерки, принцези, војници, балерини и ликови од цртаните филмови.

Возрасните уживаа во убавото време и несекојдневната глетка од оригинални маски и радосни дечиња, кои се забавуваа во улога на ликови од детските приказни.

Организирана манифестација по повод 1.април ќе се одржи вечерва во Центарот за култура, а општината Куманово маскенбалот Батко Ѓорѓија го организира во мај.