Асфалтирани улиците „Анѓа Ранковиќ“ и „6 Април“
14.10.2016 09:54
| KumanovoNews
Жителите на улиците „Анѓа Ранковиќ“ и „6 Април“ во населбата Перо Чичо добија асфалт и бекатон.
„Се работи за 1.200 квадрати бекатон и околу 1.600 квадрати асфалтирање. Проектот чини 3,2 милиони денари, средства од буџетот на општина Куманово, како дел од програмата за летно одржување и обновување на патната инфраструктура во населбите, - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
При крај е изградбата на потпорниот ѕид во Гладно поље, а наскоро ќе започне и изградбата на канализационата мрежа во оваа нова населба.