Бадник неработен за православните, Божиќ за сите граѓани
04.01.2017 09:44
| KumanovoNews
Петок е неработен за православните граѓани, а сабота за сите граѓани.

Петок 6 јануари, Бадник, ден пред Божиќ, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, додека сабота првиот ден на Божиќ според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека тое е согласно со Законот за празниците на РМ.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита Бадник и Божиќ на граѓаните од православната вероисповед.