„Бајловски средби“ по 8.пат
28.09.2016 11:12
| KumanovoNews
Здружението на граѓани „Козјачија во срцето„ по 8. пат ја организира традиционалната манифестација „Бајловски средби 2016“.

Манифестацијата ќе се одржи во недела на (2 октомври) во селото Бајловце, каде ќе има спортски натпревари, избор на најдобра баница и богата културно-уметничка програма. Ќе настапат КУД „Ѓоко Симоновски„, КУД „Српски вез“, КУД „Срма“ и ансамблот Кратовски тамбураши.
Покровител на манифестацијата е градоначалникот и Советот на општина Старо Нагоричене.
За посета на манифестацијата организиран е превоз, со поаѓање во 9 часот пред ресторанот Жмара.
Манифестацијата ќе започне во 10 часот.