Балковски: Граѓаните се повеќе ја подржувааат третата опција
„Почетокот на кампањата ги надмина нашите очекувања и пријатно сме изненадени од големиот број на граѓани кои секојдневно ни се приклучуваа и ја подржуваат третата опција како можност да се смени црно-белата политичка слика што ја создадоа двете најголеми партии во државата„,- рече носителот на листата на Коалицијата ВМРО за Македонија во втората изборна единица Љубчо Балковски, на денешната прес-конференција во Куманово.

Презентирајќи ја програмата под мото „Заедно за силна Македонија„, генералниот секретар на ВМРО-НП, потенцираше дека целта на новата Влада ќе биде да се врати надежта на граѓаните во Македонија и да се забрза патот за влез на државата во НАТО и Европската унијa.
„Во изминатиот период во секојдневните средби со граѓаните единствена наша цел беше да ја вратиме изгубената надеж дека Република Македонија ќе доживее развој и напредок во сите сегменти од општествено живеење. Тоа се постигнува преку демократија, преку економија и тоа се постигнува преку влез во Европската унија и НАТО. Сето останато што ги засега граѓаните, што им тежи на граѓаните го чувствуваме низ секојдневните средби. 10-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ на централно ниво, а во Куманово локалната власт е на СДСМ, се доживува многу катастрофално, но да не забравиме дека и на локално ниво имаме едно големо незадоволство затоа што локалната власт веќе подолго време не направи за Куманово сетоа тоа што го заслужуваат граѓаните, – рече Балковски.
Тој најави дека со новите политики на Коалицијата ќе го запре иселувањето на младите, а со технолошки развој и наредок тие ќе се привлечат да останат во државата.
Коалицијата ВМРО за Македонија во вторник (6 декември) во 12 часот на Градскиот плоштад во Куманово организира средба со граѓаните. На промоцијата ќе присуствуваат претседателите Љупчо Геориевски, Љубе Бошковски, Стојанче Ангелов, кои ќе ги претстават кандидатите за пратеници во изборната единица 2.