×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Бегај еве ја жена ти“ ќе се игра по повод Светскиот ден на театарот

    27.03.2017 14:31 | KumanovoNews

    Kумановскиот театар вечерва ќе го одбележи 27-ми март, Светскиот ден на театарот со претставата „Бегај еве ја жена ти , па не баш“, според мотиви на Реј Куни, а во режија на Коле Ангеловски и со читање на пораката за театрите.

    „Бегај еве ја жена ти“ ќе се игра по повод Светскиот ден на театарот

    Годинава меѓународната порака е од француската актерка Изабел Ипер, а македонската од костимографот и режисер, Благоја Мицевски.

    Театар Куманово има навистина богата продукција, се наоѓа веднаш до скопскиот, битолскиот и најголемите театари во Македонија. Тоа го докажуваме и со следнава премиера која ја очекуваме на 6. април на „Хај фај“ од Горан Стефановски, во режија на Јани Бојаџи“-истакна директорот Сашо Костовски.

    Манифестацијата ќе започне во 20 часот, а влезот ќе биде бесплатен за сите посетители.