Бензините поскапуваат, цената на дизелот иста
Малопродажните цени на бензините и на Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 62 денари, а на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 64 денари.
Малопродажната цена на Еуродизелот (Д-Е V) останува непроменета, односно 48 денари за литар.
За половина денар се зголемува малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство и ќе изнесува 37 денари, додека мазутот ќе се продава за 23,008 денари за килограм.
Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика се врши зголемување на рафинериските и малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,02 проценти, односно за 0,98 проценти.