Без струја повеќе улици во градот и населбите
02.03.2017 08:47
| KumanovoNews
Домаќинствата во повеќе улици во централното градско подрачје и во приградските населби денеска ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 9 до 15 часот без струја ќе бидат улиците Тоде Мендол, Карл Маркс, Жикица Јовановиќ Шпанац, Благоја Илиев Гуне, Тоде Думба, Теофан Економов, Никшичка, Титова Митровичка и дел од населбата Железничка станица.