Без вода дел од Тоде Мендол
13.07.2016 10:50
| KumanovoNews
Жители од населбата Тоде Мендол се жалат дека од изутрина останале без вода за пиење, поради работа на терен на ЈП „Водовод„.
Според нивните тврдења вода нема на улиците Тоде Мендол, Перо Илиевски, Жикица Шпанац, Блaгоја Илиев Гуне и другите околни улици.
Од ЈП „Водовод“ потврдуваат дека е исклучена водата на дел од улиците во Тоде Мендол, бидејќи се поставува нова водоводна мрежа на улицата „Перо Илиевски“ каде што минатата година беше оштетена за време на воените дејствија. Истовремено има дефект на ул. Тоде Мендол па се работи на негово отстранување. Од “Водовод„ тврдат дека водоснабдувањето ќе се нормализира до крајот на денот.
(фото архива)

