×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Блокадата на Краста ставена во мирување

    07.12.2015 11:29 | KumanovoNews

    Блокадата на депонијата Краста од вчера напладне е ставена во мирување, информираат од месната заедница во село Пчиња.

    Блокадата на Краста ставена во мирување

    Месното население ги пропушта камионите на јавното претпријатије “Чистота и зеленило“ да носат смет на депонијата, а  во четврток на средба во Скопје заедно со градоначалникот Зоран Дамјановски и министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски ќе ги разгледуваат нивните барања.

    Ние најмалку сакаме да блокираме, да бидеме радикални и од вчера од 12 часот ја тргнавме блокадата, се пропуштаат камионите на “Чистота и зеленило“. Средба ќе имаме во четврток во Скопје и се надеваме дека сè ќе биде во ред, дека ќе најдеме некое решение - вели Дејан Трендевски, претседател на месна заедница во село Пчиња.

    Жителите во петокот ја блокираа депонијата, со барање да се реализираат проектите за изградба на канализација и водовод во селото и депонијата да се менаџира подобро, да се огради, да се направи влез од другата страна и слично.