„БМВ“ удри девојка во Умин Дол
26.01.2017 15:15
| KumanovoNews
Дваесет и деветгодишна девојка е тешко повредена во сообраќајната несреќа на стариот пат Куманово-Скопје, во селото Умин Дол.

Сообраќајката се случила околу 10. 30 часот, кога БМВ со скопски регистерски таблички удрило во Е.Н.(29), додека се движела покрај патот.
Девојката се здобила со скршеници по телото. По укажаната прва помош во Кумановската болница, поради сериозноста на повредите пренесена е во Ургентниот центар во Скопје.
Увид на лице место извршила екипа на СВР Куманово и се работи на откривање на причините за сообрачајната несреќа.