Браќа избодени со нож
02.12.2016 15:00
| KumanovoNews
Двајца браќа биле избодени со нож додека чекале автобус во селото Грушино.

Нападот се случил синоќа околу 21 часот, кај автобуската постојка, од страна на неколку непознати лица со нож биле повредени браќата Џ.Н. (32) и Б.Н. (23) од с.Грушино. Истите биле пренесени во Клинички центар Скопје, каде им се констатирани телесни повреди.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настанот.