Братучеди се испотепале за паркинг место
14.09.2016 12:26
| KumanovoNews
Братучеди се степале поради паркинг место во селото Липково.
Тепачката се случила синоќа околу 20.30 часот, кога И.Р.(28) бил физички нападнат од неговите братучеди Х.Р. (26) и М.Р. (20) од с.Липково. Тие го нападнале нивниот братучед поради тоа што честопати го паркирал неговиот автомобил на улица пред влезот во дворот на нивната куќа.
Екипа на СВР Куманово изврши увид на местото на настанот. На И.Р. му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Куманово, каде му била констатирана телесна повреда во пределот на главата. Во текот ноќта Х.Р. и М.Р. се приведени и задржани во СВР Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

