Бугарски автобус прегазил пешак
02.12.2016 12:28
| KumanovoNews
На магистралниот пат Крива Паланка - Куманово, во паланечкото село Петалица прегазен е пешак.

Несреќата се случила во 20.10 часот, кога автобус со бугарска национална ознака, управуван од С.С.(38) од Софија, Република Бугарија, удрил во пешакот Г.М.(53) од с.Гиновци, кривопаланечко, кој починал на самото место.
Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Крива Паланка. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.