Ќе се осветли и уреди Стариот градски парк
Започна реализацијата на проектот за осветлување на Стариот градскиот парк во Куманово.

Проктот чини 2,5 милиони денари, кои ќе се потрошат на поставување на 65 канделабри и уредување на просторот.
„ По завршување на сите процедури и тендерски постапки, денеска започнуваме со имплементација на проектот.Изведувачот има рок од триесет дена да ја заврши работата.По поставувањето на канделабрите ќе се започне со други активности, со што просторот ќе добие нов лик, -рече Фадиљ Шабани, директор на ЈП „Кумново-паркинг„.
Покрај осветлување на паркот, ќе се уредат патеките со бекатон и асфалт и ќе се постави комунална опрема, клупи и кошници.
„Претходната година беа исечени 60-тина стари тополи и сега се садат нови зимзелени дрвца. Планирано е уредување на зелените површини, осветлување и стражарска служба. Градскиот парк ќе добие поинаков лик“- рече градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски.
Стариот градски парк зафаќа површина од над 3.000 метри квадратни.