×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се реализираат повеќе инфраструктурни проекти

    17.02.2016 13:58 | KumanovoNews

    Ќе се реализираат повеќе инфраструктурни проекти во градот во претстојниот период.

    Ќе се реализираат повеќе инфраструктурни проекти

    Ова го соопшти градоначалникот Зоран Дамјановски на денешната седница на Советот, откако  советникот од СДСМ Александар Арсиќ праша кои се плановите на полето на инфраструктурата.

    Дамјановски рече дека десетина проекти ќе отпочнат со реализација.

    Завршена е постапка за реконструкција и тековно одржување  на 30.000 метри квадратни и 7000-8000 метри квадратни се асфалтни површини, дупки, платна. Околу 10.000 метри квадратни е за бекатон во улички, тротоари. Опфатена ќе биде „Перо Стојмановски“ и распишана е „Црнотравска“, поголем зафат е. Потоа потпорен ѕид во Гладно поле, исто така е многу актуелен - кажа градоначалникот.

    Арсиќ праша кога ќе се санираат автобуските постројки, за што Дамјановски кажа дека се планираат одредени зафати по што градот ќе има поубав лик.