×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се сечат дрвјата покрај патот кон Пелинце

    18.07.2016 10:39 | KumanovoNews

    Да се исечат дрвјата и гранките покрај регионалниот пат Старо Нагоричане -  Пелинце, бидејќи го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот, побараа претставник на Македонија пат од Македонски шуми, на состанокот што се одржа минатата недела.

    Ќе се сечат дрвјата покрај патот кон Пелинце

    „На патот до селот Пелинце има голем број на дрвја кои се паднати покрај патот и оние кои се надвиснати над него, и секој момент можат да се скршат и да го попречат коловозот. Затоа бараме од ЈП „Македонски шуми“ да ги отстрани што побрзо додека немаме некаков проблем, - побара претставникот од Македонија- пат.

    Директорот на Македонски шуми, Ваит Саити, одговори дека веќе извршиле маркирање на дрвјата, а наскоро ќе започнат со активностите.

    „Дрвјата ќе ги исечевме и досега, но немаме сопствено возило со корпа бидејќи се работи за поголема височина. Деновиве ќе позајмиме од друга фирма и ќе ја завршиме работата, - рече Саити.

    Претставникот од полицијата Антон Витковски, посочи дека дрвјата мора да се исечат до крајот на неделата од безбедносен аспект, бидејќи за 2 август во Меморијалниот центар Пелинце се организира прослава на АСНОМ со посета на високи делегации и голема фреквенција на возила.