×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за 11 Октомври

    11.10.2016 10:47 | KumanovoNews

    Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Куманово им го честита 75-годишниот јубилеј од почетокот на големото Народно востание, 11-ти Октомври.

    Честитка од ВМРО-ДПМНЕ за 11 Октомври

    Славејќи го јубилејниот почеток на Народното востание, граѓаните на Куманово не си спомнуваат единствено за истрелот на првата пушка како најчеста историографска одредница на градот и кумановското граѓанство, туку, уште повеќе, за плодоносниот придонес на кумановците во втемелувањето на македонската државност преку Народноослободителната војна.

    Пред 75 години кумановки и кумановци немаа дилема дали слободата и мирот на трудољубивото население можеа да се гарантираат со ветувања и акти на новата окупаторска управа или слободата и мирот се заслужуваат со лична и колективна саможртва!

    Историјата несомнено утврди дека младата кумановска интелигенција целосно ги разбираше предизвиците на новото време и затоа храбро се одлучи, рамо до рамо со останатите македонски сонародници, во герилска борба да се спротивстави на ветениот - праведен, а во суштина - поробувачки поредок.

    Водени од историски, блиското, илинденско искуство и комитската револуционерна традиција и одзивајќи се на одекот од Карпошовото востание, кумановските партизани ја заслужија привилегијата, како нови карпошовци, преку вториот Илинден - АСНОМ, да се запишат во темелите на современата македонска република.

    Непокорот и истрајноста се испишан крвав завет на кумановските карпошовци како единствена вистина за црвено Куманово и како најдобро оружје против премрежијата и на нашата и на идните генерации!

    За многу години нека е празникот и за вечен спомен на карпошовците!- стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ Куманово.