Честитка за Велигден од градоначалникот
Градоначалникот Зоран Дамјановски, во свое име и во името нa општинската администрација на сите православни верници, им го честита големиот празникот Воскресение Христово и им посакам величествено Велигденско празнување.

„Оваа се времиња на големи предизвици, што ја искушуваат вербата во вистината и правдата, истрајноста и посветеност кон базичните вредности на човековата личност. Затоа да покажеме единство во верата и единство во општината и државата. Да се почитуваме себеси и нашите најблиски. Сите заедно да продолжиме да работиме за изградба на силна и модерна општина. Ви посакувам добро здравје, мир и семејна харомонија“-стои во честитката.