Четворица повредени во судир на матиз и голф
Четири лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајна несреќа што вчера напладне се случила на булеварот “Трета МУБ“ во Куманово.

Сообраќајката се случила во 11.50 часот, кога се судриле автомобил „Фолксваген Голф“ управуван од А.Б.(25) од Тетово, и „Даеву Матиз“ управувано од И.Т. (20) од Куманово. Во незгодата со тешки повреди се здобил сопатникот во “Матиз“ И.Ј.(36) од Куманово, кој по укажаната лекарска помош во Кумановската болница бил препратен во Клиничкиот центарСкопје. Додека возачот И.Ј. и сопатниците Л.Т.(64) од Крива Паланка и Н.Б.(53) од Куманово, се здобиле со тешки повреди и се задржани на оддленијата во Куманово. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР-Куманово.