×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Цвет и книга за читателите во градската библиотека

    21.04.2016 13:27 | KumanovoNews

    По повод Светскиот ден на книгата и авторското право, 23-ти април, градската библитеока Тане Георгиевски, утре и задутре на своите читатели ќе им подари книга и цвет.

    Цвет и книга за читателите во градската библиотека

    На овој ден им се одава признание на книгите и авторите, и се потенцира дека луѓето треба што повеќе да читаат. За првпат во 1995 година, УНЕСКО одлучи овој ден да им го посвети на книгата и авторите.

    Се смета дека 23-ти април е земен како повод бидејќи на тој ден во 1616 година починале двајцата великани на светската книжевност-Мигуел де Сервантер и Вилијам Шекспир. За моќта и значењето на книгата, што се таа може да постигне колку голем придонес има во напредувањето во секое животно доба а особено во младоста за овој најмоќен медиум на сите времниња, пишува директорот на УНЕСКО Ирина Бокова и Љубиша Георгиевски-изјави директорот на кумановската библиотека Марјан Петковски.

    Инаку во понеделник љубителите на пишаниот збор можат да ја проследат промоцијата на книгата Црно на бело од познатата македонска писателка, поет и прозеист, Лидија Димковска, добитник на повеќе награди во Македонија и светот и преведувана на повеќе од 20 светски јазици. Промотори ќе бидат Гоце Смилевски и Оливера Ќорвезировска а промоцијата ќе се одржи во 19 часот во библитеоката.