×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски: ЕВН без предупредување го исклучи осветлувањето

    14.05.2016 17:00 | KumanovoNews

    Градоначалникот на Куманово тврди дека ЕВН без предупредување го исклучила напојувањето на електрична енергија за осветлување на улиците „Трета МУБ„, „Октомвриска револуција„ и населбата „Карпош“, поради што тие останале во мрак.

    Дамјановски: ЕВН без предупредување го исклучи осветлувањето

    Тој најaвува судска разрешница за случајот, заради неправилно исклучување и без спроведена процедура.

    „ Вчера без налог е прекината испораката на електрична енергија. Не ми е јасно зошто тоа е направено во петок во 14 часот, бидејќи таксата за улично осветлување што ја собира ЕВН се уплаќа од 15 до 17 во месецот. Ние имаме два месеци неподмирен долг,  но вредноста на долгот е помала од таксата што е соберена. Нема налог, нема предупредување а денеска се држи конференција за печат. Повеќе од јасно е дека нивниот член на управниот одбор постојано води војна со Куманово, - изјави Дамјановски.

    Тој додаде дека денеска разговарал со претставниците од ЕВН и очекува проблемот да се реши во понеделник.

    На уште три места во градот, во централното градско подрачје и улицата „11 Октомври“, улиците се во мрак поради дефект на регулаторите за дневно и ноќно вклучување на електричната енергија, и тоа ќе се реши во најкраток период, најави градоначалникот.