×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски: Расположени сме да прифатиме добра идеја за кружен тек

    27.05.2016 15:06 | KumanovoNews

    Градоначаланикот Зоран Дамјановски, одговарајќи на обвинувањата на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, најави дека ќе прифати идејата за изградба на кружен тек на крстосницата на булеварите „Трета МУБ“ и „Октомвриска револуција“, ако се понуди добро решение.

    Дамјановски: Расположени сме да прифатиме добра идеја за кружен тек

    „Секогаш сме расположени да прифатиме добра идеја. Досега биле разгледувани два идеи за изградба на кружен тек, но во двата случаи не добивме адекватни решенија, бидејќи кружниците зафаќаат голема површина. Кружниот тек би го зафатил Митев мост како и имоти во приватна сопственост. Ако се понуди идејно решение ќе ја прифатам таа иницијатива во интерес на граѓаните, и ќе биде вметнато во новата развојна програма. Размислуваме за кружница и кај спортската сла, но и таму би се зафатил поголем дел од шеталиштето на кејот“, - рече Дамјановски.

    Тој рече дека етпано се работи и на санација и реконструкција на улиците во две зони од градот и најави дека ќе заврши до крајот на јуни. Што се однесува до изградба на велосипедски патеки, решение за нивна изградба ќе понуди сообраќајната студија.