Даночните пријави денеска ќе се поднесуваат до 20 часот
15.03.2017 11:57
| KumanovoNews
Денеска (15 март) истекува рокот за поднесување на Годишната даночна пријава за поднесување на персонален данок на доход за приходите остварени во изминатата 2016 година.

Со цел граѓаните да можат да ја поднесат даночната пријава во законскиот рок, сите даночни канцеларии на УЈП за прием на Годишните даночни пријави денеска ќе работат со продолжено работно време до 20 часот, -соопштуваат од Управата за јавни приходи (УЈП).
Според последните податоци, поднесени се вкупно 403.316 Годишни даночни пријави.