Даравелски уапсен во Србија
Драган Даравелски, поранешен директор на Царинската управа, уапсен е во Србија по распишана потерница од македонските власти.

Од МВР потвдиле дека Даравелски е уапсен, вчера во 2 часот .
Даравелски е осуден со правосилна судска пресуда за проневера од 2,5 милиони евра, додека беше директор на Царинската управа во периодот 1999-2002 година. Истрагите против него започнаа веднаш по промената на власта во 2002 година. Набргу потоа му беа поднесени неколку кривични пријави за злоупотреба на службената должност и овластувања по разни основи, а меѓу нив најтешката е за неуплатување на приходите од царините во буџетот на државата и за отуѓување возила, сопственост на царината и на други институции.
Тој еднаш беше уапсен па пуштен од српската полиција, затоа што е српски државјанин.