×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Давањето на базенот под хипотека е како да дадеш на посвојување свое дете, смета Дамјановски

    06.04.2017 09:25 | KumanovoNews

    Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, смета дека давањето на базенот под хипотека е како да дадеш на посвојување свое дете, но тврди дека биле принудени на таквата одлука, бидејќи општината немала друг начин за да го реши финснсискиот проблем на ЈП „Чистота и зеленило“ и да ја спречи еколошката катастрофа на градот.

    Давањето на базенот под хипотека е како да дадеш на посвојување свое дете, смета Дамјановски

    „Ова е изнудена одлука. Мораше да се стави под залог нешто што не задира во јавниот интерес на граѓаните и не е под заштита на културното наследство, тоа е според Законот за финансиско задолжување. Моравме да го ставиме комерцијалниот дел од базенот, мене многу ми е жал поради тоа. Тоа е исто како да дадеш на посвојување свое дете.  Базенот е еден од најголемите успеси во мојот мандат, - изјави Дамјановски.

    Тој обвинува дека државата врши институционален и финансиски терор врз Куманово и се однесува како лихвар, само да покаже пред изборите  дека локалното раководство не е способно да ја води општината.

    „Ние подолго време сме исправени пред овие предизвици. Ако имаме 21 милион долг и 40 милиони камата, мислам дека по ниту една математичка операција не може каматата двојно ја надминува главницата. Тоа јасно укажува во која насока се движи работата. На сите јавни претпријатија со одлука на влада им се отпишани долговите,  а само Куманово не е опфатено во таа програма, - се жали Дамјановски.  

    Тој вели дека државата ги третира граѓаните на Куманово како да се од втор ред или да припаѓааат на друга држава.