×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Деца во градинка учеа за зелена Европа

    29.06.2016 12:58 | KumanovoNews

    Во шест градинки во Куманово денеска се организираа работилници за  зачувување на животната средина.

    Деца во градинка учеа за зелена Европа

    Децата имаа можност преку едукација и игра да се запознаат со Зелена Европа. Проектот предвидува секое дете да добие играчки и боенки, за да се стекне со поголемо знаење за зачувување на животната средина.  

    „Преку програмата се промовира еколошка Европа, а денеска на работилница ќе се провери знаењето на дечињата за заштита на животната средина.  Идејата е преку нивна едукација, со играње и цртање да се грижат за зачувување на животната средина. Во проектот се опфатени деца од македонска, српска, албанска и ромска заедица„, -изјави Арбен Мемети, координатор на Инфо точка Куманово.

    Грантот е 900 евра, а за набавка на играчките се потрошени околу 700 евра.

    „Овие играчки ќе придонесат за подобар раст и развој кај дечињата, а истовремено ќе го разубават просторот за работа. Преку разновидни активности, постојано учиме за екологијата и како да го зачуваме животниот простор во градинката, како да го уредиме дворот, како да се однесуваме дома“, - вели воспитувачката Татјана Стојановска, од градинаката Буба Мара.

    Проектот Зелена Европа, се реализира преку Инфо точка од Скопје и Секторот за евроинтеграција Куманово.