Делев во посета на бањата „Стрновец“
05.08.2016 09:09
| KumanovoNews
Заменик министерот за економија Христијан Делев денеска ќе ја посети импровизираната бања „Стрновец“ во општина Старо Нагоричане.
Посетата уследи откако Владата донесе одлука за започнување на постапка за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина – термоминерална вода.
Бањата Стрновец секоја година ја посетуваат голем број на граѓани од Куманово и околината, бидејќи топлата минерална вода помага при лекување на ревматски болести.
Иако со години наназад се најавува дека на местото ќе никне современ бањски комплекс, луѓето се капат во базен што пред неколу години го изгради гастарбајтер од овој крај.