Ден на жалост за загинатите во поплавите
08.08.2016 09:40
| KumanovoNews
Во Македонија денеска е Ден на жалост поради загинувањето на 21 лице во поплавите при завчерашното невреме во скопскиот регион.

Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека од пронајдените 21 лице, 20 се идентификувани и предадени на семејствата, а една жртва не беше идентификувана. Загинатите се пронајдени во реонот на приградските населби Сингелиќ, Стајковци, Црешево и обиколницата кај Смилковци, каде поплавите оставија пустош зад себе, оштетувајќи домови, возила и инфраструктура.
На обиколницата на Смилковско езеро загина и Жаклина Божиновска од Куманово, која со своето семјство се враќала од Охрид.