Денеска гласаат болните и раселените
10.12.2016 15:21
| KumanovoNews
Нема проблеми во гласањето на болните, раселените и затворените лица во Куманово.

Како што соопштуваат од Општинската изборна комисија денеска на подрачјето на општина гласаат 166 раселени и затвореници, и 212 болни и изнемоштени лица.
Во Куманово евидентирани се вкупно 90.848 гласачи од кои 89.427 гласаат во изборна единица два, додека 1.421 лице гласаат во третата изборна единица.
Гласањето во Куманово ќе се одвива на 167 избирачки места.
На подрачјето на општина Старо Нагоричане ќе се гласа на 37 избирачки места, а во Липково на 36 избирачки.
Избирачкиот метерјал во трите општини е дистрибуиран без проблеми.