Денеска и календарски започнува зимата
21.12.2016 09:12
| KumanovoNews
Денеска и календарски во земјава доаѓа зимата.

Зимата на северната хемисфера ќе почне во 11.44 часот, а во исто време на јужната земјина топка ќе почне летото.
На почетокот на зимата денот е најкраток а ноќта најдолга.
Според прогнозите оваа зима ќе биде малку постудена и посушна од просекот, а повеќе снег се очекува во јануари и февруари.
Зимата астрономски ќе заврши на 20 март 2017 година во 12.29 часот, кога ќе почне пролетта.