„Денови на мед 2016“ два дена на градскиот плоштад
21.09.2016 13:36
| KumanovoNews
Традиционалната манифестација „Денови на мед„, која ја организира пчеларското друштво „Пчела“, утре и задутре ќе се одржи на градскиот плоштад во Куманово.

Кумановските пчелари ќе ги изложат на повеќе штандови годинешниве производи на мед и пчелини производи, како и пчеларска опрема.
Манифестацијата е под покровителство на општина Куманово, а ќе ја отвори градоначалникот Зоран Дамјановски во 10 часот.