Десетина поплавени сместени кај роднини во Куманово
10.08.2016 13:26
| KumanovoNews
Десетина лица од поплавеното село Сингелиќ се сместени кај роднини во Черкеско село.

Нивниот домаќин утринава ги пријавил во Црвен крст Куманово и побарал хуманирана помош за нив.
„Утринава дојде човек од Черкерско село кој бараше хуманитарна помош за негови роднини, се работи за десетина лица од Синѓелиќ на кои им биле оштетени домовите во поплавите. Ние побаравме од него да ги донесе нивните лични документи за идентификација по што ќе ги регистрираме и ќе им помогнеме, - велат од Црвен крст Куманово.
Во кумановскиот Црвен крст досега нема регистрирани други раселени лица од поплавените подрачја.