Девојче повредено во сообраќајка на патот Липково-Слупчане -Оризаре
08.02.2016 10:07
| KumanovoNews
Осумгодишно девојче е повредено во сообраќајна несреќа што во саботата се случила на регионалниот пат Липково-Слупчане-Оризаре.

Несреќата се случила околу 13.40 часот, помеѓу автомобил Опел Зафира со кумановски таблички управуван од Ќ.С.(29) од село Слупчане и Фолксваген Голф со кумановски таблички управуван од Ф.Б.(27) од село Оризаре. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило девојчето кое било сопатничка во возилото Опел Зафира. Девојчето е префрлено во Општа болница Куманово каде му е укажана помош.
Увид на местото на несреќата изврши екипа од СВР Куманово.