Димитар Ковачевски нов директор на Оне.Вип
22.11.2016 10:52
| KumanovoNews
Димитар Ковачевски, досегашен директор на еден од секторите на „Телеком“ е нов извршен директор на мобилниот оператор Oне.Вип.
Ковачевски доаѓа на местото на досегашниот директор Никола Љушев.
Ковачевски беше дел од раководниот тим на „Телеком“ повеќе од 10 години, а во компанијата е речиси целиот работен век – 18 години.
Кумановецот, Димитар Ковачевски е стручњак за корпоративно управување во информациските системи и маркетинг политики во телекомуникациската индустрија.