×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевски: Обвинувањата се неосновани

    26.02.2016 17:51 | KumanovoNews

    На обвинувањата на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ реагираше и претседателот на Советот на општина Куманово Максим Димитриевски.

    Димитриевски: Обвинувањата се неосновани

    Според него, обвинувањатата  изнесени на денешната пресконференција се неосновани. Ги повика сите оние кои имаат докази за наводна злоупотреба во општината да ги достават до него и да ги однесат до јавното обвнителство и Министерството за внатрешни работи.

    Советот на општина Куманово уште во 2011 година со одлука го има уредено начинот на вршење на јавниот превоз во нашата општина и тоа одлука за уредување на општински превоз на патници со врешење на дејност од јавен интерес врз основа на претходно добиена дозвола. Што се однесува до останатите обвинувања сакам да ја запознаам јавноста дека денеска добив конечен извештај за ревизија кој што уредно ќе го доставам до сите членови на советот на општината кој што е конечен, а е извршен од страна на државните органи т.е. на Државниот завод за ревизија. Па јавноста нека суди по основ на тоа што содржи овој извештај - изјави Димитриевски.