Димитриевски: Во Македонија мора да има правда за сите
Кандидатите за пратеници на СДСМ во втората изборна единица синоќа се претставија пре граѓаните на Куманово, кај Пожарната единица.

На присутните им се претставија Лидија Тасевска, Миодраг Јовановиќ и Максим Димитриевски.
Во Македонија мора да има правда за сите, но првенствено слобода и демократија, достоинствен живот за сите, бидејќи Македонија остана држава без граѓани.Над 630.000 граѓани си заминаа од Македонија, отидоа на гурбет. Во 60-тите години на печалба заминувал само еден челен од семејството, а денеска цели семејства ја напуштаат државата. На последната седница излеговме со факт дека 286 деца кои се родиле пред 6 години не се запишале во прво одделение. Тоа е бела чума во државата, а ја донесе ова власт, - рече Димитриевски.
Димитриевски праша како Никола Тодоров планира да ги рестартира пропаднатите фабрики во Куманово, кои според него биле уништени во времете на ВМРО-ДПМНЕ кога министар за финасии беше Никола Груевски, а сега тие стопански капацитети веќе не постојат или се целосно приватизирани.