Директор на училиште давал плата на работник кој се запослил во странство
07.03.2016 13:00
| KumanovoNews
Директор на основно училиште во селото Лопате уплаќал плата и придонеси на работник што две години не доаѓал на работа.

А.Р.(46) од с. Лопате, наместо да му даде отказ и да го раскине договорот за вработување поради неоправдано отсуство од работа во 2014 и 2015 година, тој на вработениот му овозможил да замине на привремена работа во странство, а за тоа време му плаќал плата и придонеси.
Кумановската полиција против А.Р. ќе поднесе пријава под сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.