×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дизелот поевтинува, бензините со иста цена

    20.02.2017 13:03 | KumanovoNews

    Малопродажните цени на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина до еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

    Дизелот поевтинува, бензините со иста цена

    Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,32, односно за 0,09 отсто.

    Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за половина денар по литар и ќе чини 52,5 денари, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за денар по литар и ќе изнесува 41 денар.

    Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат 66,5 и 68,5 денари за литар.

    Со одлуката на РКЕ за 0,347 денари по килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 27,498 денари за килограм.

    Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од Комисијата ја посочуваат пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена.