×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дизелот поевтинува, бензините со непроменета цена

    25.07.2016 12:33 | KumanovoNews

    Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука цената на дизелот од ноќеска на полноќ да се намали за еден денар по литар, а цената на бензините останува иста.

    Дизелот поевтинува, бензините со непроменета цена

    Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 48 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 36,5 денари за литар. Малопродажните цени на Еуросупер БС-95и на Еуросупер БС-98 не се менуваат, односно остануваат 61 и 63 денари за литар.

    За 0,15 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС од кој енергенс литар ќе чини  22,763 денари.

    Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,96, односно за 1,2 отсто.